Бизнисот се вози со лимузини!

Bez autora
Aug 18 2013

Рекорден е бројот на автомобили во јули годинава коишто ја поминале македонската граница и уредно биле царинети. Статистиката на Царинската управа на Македонија покажува дека во овој летен месец царинети биле 3.133 автомобили, од кои 330 биле нови, а 2.803 стари. Бројките покажуваат дека раздвижување има и кај автосалоните, но и на плацовите каде се продаваат стари автомобили. Инаку, бројката од 330 нови автомобили покажува дека во јули е забележан најдобриот месечен увоз. Трговците се оптимисти и очекуваат растот да продолжи и до крајот на годинава. За првите 7 месеци од годинава во Македонија увезени се вкупно 21.099 возила, што споредено со лани кога бројката била 19.214, се регистрира раст од речиси 1.885 возила. Во изготвената табела на официјалниот сајт на Царинската управа се гледа дека зголемениот увоз се должи пред се на старите автомобили коишто годинава достигнале 17.650, наспроти ланските 16.112 автомобили...

Бизнисот се вози со лимузини!Рекорден е бројот на автомобили во јули годинава коишто ја поминале македонската граница и уредно биле царинети.

Статистиката на Царинската управа на Македонија покажува дека во овој летен месец царинети биле 3.133 автомобили, од кои 330 биле нови, а 2.803 стари. Бројките покажуваат дека раздвижување има и кај автосалоните, но и на плацовите каде се продаваат стари автомобили. Инаку, бројката од 330 нови автомобили покажува дека во јули е забележан најдобриот месечен увоз. Трговците се оптимисти и очекуваат растот да продолжи и до крајот на годинава.

За првите 7 месеци од годинава во Македонија увезени се вкупно 21.099 возила, што споредено со лани кога бројката била 19.214, се регистрира раст од речиси 1.885 возила. Во изготвената табела на официјалниот сајт на Царинската управа се гледа дека зголемениот увоз се должи пред се на старите автомобили коишто годинава достигнале 17.650, наспроти ланските 16.112 автомобили.

Спротивно на тоа, опаѓа бројот на новоцаринети автомобили, бидејќи лани во првата половина од годината бројката била 2.490 автомобили, а сега таа е едвај 1.973 што претставува пад за повеќе од 20 проценти. Благ раст има и кај увозот на товарни возила, автобуси и минибуси, а за првото полугодие достигнал 1.443 возила, а во истиот период лани нивниот број бил 1.704 возила.
Актуелните бројки само потврдуваат дека Македонија како и земјите од регионов имаат пад на увозот на нови возила, за што експертите велат дека се должи на намалената куповната моќ на граѓаните. Средната класа е најголемиот купувач на возниот парк, а таа во услови на економска криза располага со помалку пари. Македонците најмногу купуваат автомобили од брендовите "опел", "фолксваген", "рено", "шевролет", "шкода", "форд" и "пежо", а бизнис-класата се повеќе ужива во скапи лимузини.

Како што деновиве информираше Ројтерс, европскиот пазар на автомобили се стабилизира, односно автомобилскиот сектор конечно излегува од рецесија. Но, купувачите сепак сметаат дека цените на автомобилите треба да паднат барем за 10%. Анализите покажуваат дека големите европски производители на автомобили ги зголемија цените за околу 17%, односно над 2.500 евра по возило. Тие годинава произведоа и над 4 милиони автомобили повеќе од што реално побарува пазарот.

Производителите најавуваат дека до крајот на годинава ќе има мали корекции и атрактивни понуди што уште повеќе ќе го заживее автомобилскиот сектор. Роелант де Ваард, шеф одделот за продажба во Европа на американската автомобилска компанија Форд, посочил дека во јули годинава во Европа се продадени 90.000 возила од оваа марка, а тоа е зголемување од 8,7%. Сепак, во компанијата годинава очекуваат загуба од 1,8 милијарди долари, поради што неколку мали фабрики се затворени во Велика Британија, а уште една таква во Белгија наскоро ќе престане со производство.

Бугарите и Србите купуваат нови автомобили
Продажбата на нови возила во Европа е намалена за 7,5 % во однос лани. Европската автомобилска асоцијација информира дека во мај биле купени вкупно 135.587 нови возила, а од јануари до мај нивниот број достигнува 681.337. Помала посетеност на автосалоните е регистрирана и во Финска, каде што се продадени 24% помалку нови автомобили, во Италија 21.3%, а во Луксембург 15,9 и Германија 10,9%.

Спротивно од овие европски држави во Бугарија има раст на продажбата на нови автомобили за неверојатни 69,6%, односно од 889 лани на 1.477 автомобили за првите 5 месеци годинава. Расте продажбата на автомобили и во Естонија за 37,2%, а во Велика Британија за 8,9%. И во Србија има раст на продажбата на новите автомобили, оти јануари годинава намалена е царината од 5 на 2,5% за автомобилите кои што работат на бензин до 1.000 кубици и со дизел мотор до 1.500 кубици. Додека пак автомобилите со дизел мотор од 1.500 до 3.000 кубици и бензинците од 1.000 до 1.500 се увезуваат без царина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik